Регион

Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на нов урбан зелен парк

Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на нов урбан зелен парк со урбана опрема и одредени содржини на отворениот Јавен повик за финансирање на предлог-проекти за инвестициони активности од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, по усвоената одлука од Советот на Општина Гевгелија за аплицирање на проектот, имплементација и обезбедување одржливост на последната 31. седница.

Всушност, овој предлог-проект е подготвен врз основа на партнерството и потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија заедно со Граѓанското здружение од областа на животната средина „Виртуелен инкубатор за иновиации и нови технологии – Винт Гевгеија“ од македонска страна и Општина Сапарева Бања од Република Бугарија, како водечки партнер во Проектот. Специфичната цел на овој Повик на ИПА-ППС е „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“.

Средствата за овој Проект се обезбедуваат од ЕУ (ЕРДФ И ИПА Фондови) и Национално кофинансирање од 15% од Министерството за локална самоуправа).

Препорачуваме:

Кузмановска: Граѓаните да ги почитуваат мерките оти почна да се полни инфективното во Струмица

Невладините од Струмица ќе реализираат 26 проекти со финансиска поддршка од Општината

Ѓ. K.

Градоначалникот Костадинов ја одржа првата официјална средба со Локалниот младински совет

Ѓ. K.