• Fri. May 17th, 2024

33-годишен радовишанец лишен од слобода, дома чувал пушка без дозвола

ByЃ. K.

Dec 8, 2023

На 06.12.2023 во 18:15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.К.(33) од Радовиш.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка која ја поседувал без дозвола.

Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.