Спорт

Македонија Макс лесно против Пелистер Волеј

Без поголеми проблеми Македонија Макс дојде до победата против Пелистер Волеј во рамките на шестото  коло од Првата женска одбојкарска лига. За час и 15 минути  струмичанки  славеа со 3:0 во сетови ( 25:23. 25:19. 25:17) против гостинските од Битола.

Битолчанки се заканија единствено во првиот сет пред се заради  ,,лежерниот,, пристап на домакинките. Сето останато беше само рутина за избраничките на Зоран Јанков кој ја остварија 4 победа за зацврстување на третата позиција во женскиот шампионат.

Снимка од овој дуел можете да гледате вечерва во 22,30 на програмата на Канал ВИС

Препорачуваме:

Димитар Пандев стави потпис за IUPUI JAGUARS во САД и ќе игра во NCAA лигата

Ване Трајков

Сенегалецот Сисе е новото засилување на Брера Струмица

Ѓ. K.

Од 12 до 14 Април Кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Сузана Мицева