Спорт

Димитар Пандев стави потпис за IUPUI JAGUARS во САД и ќе игра во NCAA лигата

Струмичкиот кошаркарски интернационалец и член на македонската младинска репрезентација Димитар Пандев деновиве стави потпис за тимот на IUPUI JAGUARS колеџ тимот од Индијана САД со што тој ќе игра во најсилната Колеџ лига која преставува последно скалило пред развојната НБА лига. Тој веста ја објави на својот ФБ профил каде изрази благодарност за сите а најмногу до семејството и тренерите од ТСФ академијата каде веќе неколку години работи Ефтим Богоев

,,Најпрво, сакам да му се заблагодарам на Бога што ме одржуваше здраво и ми дозволи да ја играм играта што ја сакам. Исто така, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријатели и соиграчи што ми помогнаа во овој процес. Сакав да им дадам посебна благодарност на моите тренери Ефтим, Роб и Исак за тоа што секогаш веруваа во мене и ме мотивираа да дојдам на следното ниво. Со сето ова што би рекле, би сакал да најавам дека ќе продолжам со образованието и кошарката во IUPUI JAGUARS,, напиша за својот нов договор Димитар Пандев

Препорачуваме:

Државната Одбојкарска Лига за ветерани стартува во април

Ѓ. K.

Беласица превисока за Плачковица, совладана со фантастични 6:0

Видео- По дожд пешачеа и трчеа по Беласица 80 километри за да ги видат сите убавини