Спорт

Видео – Турнирот во мал фудбал во Василево со награден фонд од над 200 илјади денари

По повод Новогодишно-Божиќните празници, во организација на ФК „Василево“, а под покровителство на општина Василево, се организира традиционалниот Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал вреден 200 илјади денари .

Пријавувањето на екипите е во тек и ќе трае до 15.12.2016 година до 18,00 часот. Котизацијата за учество е 5 000 денари, а вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари. Турнирот ќе започне на 16 декември 2016 година. Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. Заинтересираните екипи  подетални информации може да добијат кај лицето за контакт Александар на  телефонскиот број 072 277 187.

Препорачуваме:

Видео -Подготвен сум за подвиг на автослалом трката викендов во Струмица, вели Мики Тодоров

Одбојкарките на Виктори и Наковски ги претрпеа првите порази пред своја публика

Фото – Љафтов му го донесе првиот КУП пехар на бугарски Хебар, колегите го кренаа на раце, публиката аплаудираше !!!