Спорт

Македонија Макс лесно против Пелистер Волеј

Без поголеми проблеми Македонија Макс дојде до победата против Пелистер Волеј во рамките на шестото  коло од Првата женска одбојкарска лига. За час и 15 минути  струмичанки  славеа со 3:0 во сетови ( 25:23. 25:19. 25:17) против гостинските од Битола.

Битолчанки се заканија единствено во првиот сет пред се заради  ,,лежерниот,, пристап на домакинките. Сето останато беше само рутина за избраничките на Зоран Јанков кој ја остварија 4 победа за зацврстување на третата позиција во женскиот шампионат.

Снимка од овој дуел можете да гледате вечерва во 22,30 на програмата на Канал ВИС

Препорачуваме:

Бугарски Хебар Пазарџик верува дека со струмичанецот Љафтов ќе бидат во трка за титула

По 7 дена планинарење Благој Ѓузелов стигна до базниот камп (5.354 мнв.) на Монт Еверест

Ѓ. K.

Израел ќе биде домаќин во Струмица на еден од турнирите во Сребрената лига

Ѓ. K.