Спорт

Наковски Волеј го надигра Бами кор за прво славје на свој терен, победата за публиката

Одбојкарките на Наковски Волеј ја забележаа втората победа во Шампионатот. Во спортската сала при СОУ ,, Димитар Влахов,, младите девојки на Хари Наковски и Александар Митев славеа со 3:1 против Бами кор од Тетово. Радоста беше голема бидејки одбојкарките ја прокнижаа првата домашна победа за големо задоволство на присутната публика која повторно беше во огромен број на трибините. 

Одбојкарките на Наковски волеј на поискусниот состав од Тетово му дозволија само еден сет но не ја испуштија шансата за прво славје на свој терен. Ова е втора победа на помладиот струмички состав кој славеше и во Битола против Пелистер, со која нема да биде на опашката од прволигашкиот женски шампионат.

Препорачуваме:

Видео – Крстовски ја донесе победата на пандевци во првото градското дерби со Беласица

ОК „Виктори Волеј“ има потенцијал за пласман во плеј оф завршницата

Сузана Мицева

Младите одбојкарки на Наковски волеј доминантни на најстариот одбојкарски камп во Србија

Ѓ. K.