Спорт

Израел ќе биде домаќин во Струмица на еден од турнирите во Сребрената лига

Израелската одбојкарска федерација во Македонија ќе биде домаќин на еден од турнирите во годинешното издание на Сребрената лига.

Одбојкарската федерација на Македонија потврди дека Израел побарал помош за организација на турнирот, кој ќе се одржи во Струмица од 31 мај до 2 јуни.

Освен Израел, на турнирот ќе учествуваат и одбојкарските репрезентации на Австрија и Исланд. Во Сребрената Лига на ЦЕВ оваа година ќе се вклучи и селекцијата на Фарските Острови, дополнително до овие три учесници кои ќе се натпреваруваат во Струмица.

Препорачуваме:

Аце Стојков ја презеде функцијата спортски директор во Академија Пандев

Ване Трајков

Женскиот фудбал има огромен потенцијал-интервју во емисијата Вис спорт

Сузана Мицева

Струмичките одбојкари утре против Вардар во салата Парк

Ване Трајков