Регион

Струмичките актери: Нема повеќе дијалог со министерството за култура

Нема повеќе дијалог со министерството за култура. Вака одлучија актерите од струмичкиот театар на денешниот состанок. Актерите сметаат дека секоја понатамошна дискусија е непотребна и ја потврдува партиската одлука за поставување директор на центарот за култура Антон Панов. Ова го потврдуваат со документите што ги обезбедиле преку слободен пристап до информации од министерството за култура. Во нив велат, се гледа дека кандидатот Васил Бубев освен учество на карневал и општинска манифестација Ден на празот, нема сериозен ангажман во културата.

На ден 15.12.2020 избраниот кандидат во својата пријава наведува дека ги приложува следните документи:

Според актерите, од овој документ јасно се гледа дека не поседува доказ дека е познат во јавноста како јавен, општествен и културен работник. Комисијата за селекција на кандидати во Министерството, составена од Ивана Ристиќ-Петровски, Ана Кардула, Љумтурије Зајази, одлучува дека само избраниот кандидат ги поседува сите потребни документи и ги отфрла пријавите на другите две кандидатки со образложение дека доставиле нецелосна документација. На 29.12.2020 година истата комисија испраќа допис до избраниот кандидат со барање да достави дополнителна документација со која ќе се прецизира, во рок од три дена, дали кандидатот го исполнува посебниот услов утврден со статутот на НУЦК „Антон Панов” Струмица и во дел 2 алинеја 3 од Јавниот оглас за избор на директор. Иницијативата „Култура или фискултура?“ констатира дека комисијата ги прекршила условите на конкурсот, со што се врши фаворизација на избраниот кандидат и дискриминација на останатите два кандидати.

    Избраниот кандидат на ден 11.1.2021 година поднесува дополнителни  докази дека го исполнува посебниот услов од конкурсот. Актерите прашуваат: Што ја натерало комисијата за селекција на кандидати да ги прекрши условите на конкурсот и само од веќе избраниот кандидат да побара дополнителни докази и истиот да го повика на интервју за потоа да го назначи и за генерален директор?!

Препорачуваме:

Струмичките пожарникари со две интервенции на новогодишната ноќ

Ѓ. K.

Изложбата „На работ на зборовите“ отворена во Градската галерија – Струмица

Ѓ. K.

Земјоделците заинтересирани за вакцинација доколку е во Струмица

Сузана Мицева