• Mon. May 13th, 2024

Изложбата „На работ на зборовите“ отворена во Градската галерија – Струмица

ByЃ. K.

Nov 17, 2023

Изложбата „На работ на зборовите“, вчеравечер отворена во Градската галерија – Струмица, во организација на Europe House Струмица, дел од серијата активности во склоп на кампањата на Делегацијата на „Раѓање на зборот„ посветена на македонскиот јазик и идентитет.

„На работ на зборовите“ во соработка со Галерија Акантус од Скопје, ги прикажува моќта и ограничувањата на јазикот преку делата на Славица Јанешилева, Оливер Мусовиќ, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски, Уметниците преку различни ликовни техники ја разгледуваат врската меѓу зборовите, јазикот, комуникацијата и општеството.

Програмата беше збогатена и со поезија од делата на Ацо Шопов во изведба на студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност од Филолошки факулет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, под менторство на доц. д-р Ана Витанова Рингачева.

Изложбата ќе биде отворена во Градската галерија – Струмица до 23.11.2023 година.

By Ѓ. K.