• Tue. May 21st, 2024

Караван на читањето во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево

ByЃ. K.

Nov 17, 2023

Карван на читањето, со деца од основните училишта од Струмица и регионот, овојпат во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево.

Преку игра, читање и обработка на книгите за деца „Трите мали волчиња“ од Евгениос Тривизас и сказната „Трите прасиња“ учениците од ова училиште се запознаа и дискутираа за овие прекрасни дела.

Europe House Струмица и Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица, со оваа програма имаат цел да ги поттикнат најмладите да развијат вештини за критичко размислување, а во исто време и да ги поттикнат да читаат и да го негуваат македонскиот јазик.

By Ѓ. K.