• Sat. May 18th, 2024

Струмичките пожарникари со две интервенции на новогодишната ноќ

ByЃ. K.

Jan 1, 2024

Синоќа, 31.12.2023 година во 22.24 часот на улица ,,Борис Поп Димитров”, ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 5 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалени подрумски простории во куќа. Благодарение на брзата интервенција пожарот е успешно ликвидиран и е спречено негово ширење кон погорните катови.

На ден 01.01.2024 ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 5 пожарникари-спасители во близина на с.Сушица, интервенираше на сообраќајна несреќа на излетено и превртено патничко возило. До пристигнувањето на местото на несреќата, лицето веќе било излезено од возилото, информираа од ТППЕ Струмица.

By Ѓ. K.