• Sat. May 18th, 2024

Земјоделците заинтересирани за вакцинација доколку е во Струмица

Атанас Јованов е земјодец од село Сарај. Деновиве е преокупиран со одгледувањето на расад за земјоделските производи. Слушнал за вакцинацијата и е заинтересиран, но вели дека за него е проблем да стигне до Штип. Ниту има време, ниту начин да се организира специјално за тоа.

И од Здружението на приватни лекари имаат забелешки за начинот на вакцинација. Сметаат дека треба подобро да се организира и граѓаните д аможат да с евакцинираат во своите места, без да патуваат десетици и стотина километри.

Од министератвото за здравство пак, велат дека пунктовите за вакцинација во здравсвтените домови каде што досега имало вакцинација не се затвораат и ќе продолжат со вакцинирање, но нивниот капацитет е помал за разлика од градовите во кои ќе се врши масовна вакцинација. Од здравство апелираат граѓаните да се пријавуваат за вакцинирање и доколку во некои места има голем број пријавени граѓани би се отвориле и дополнителни пунктови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *