• Sat. May 18th, 2024

Струмичани бараат вакцинален пункт во регионот

By

May 4, 2021

Масовната имунизација на населението со кинеската вакцина на „Синофарм”  стартуваше  во Скопје, но и во повеќе регионални центри низ државата во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.Иако Штип и Кавадарци е најблско за струмиочани да се вакционираат,тие сепак бараат да има вакцинален пункт во нашиот регион.

Вкупно 200.000 кинески вакцини, кои пристигнаа минатата недела, се дистрибуирани во салата „Борис Трајковски” во Скопје и другите регионални центри,информираа од Министерството за здравство.Тие најавуваат дневно да се  вакцинираат  од меѓу 10 и 15 илјади граѓани, со што во земјава до почетокот на летото веќе ќе има  висок процент на вакцинирани граѓани од сите возрасни групи.

Струмичани се револтирани бидејќи нема ниту еден вакцинален пункт во регионот,а најблиско каде што можат да ја примат вакцината против ковид 19 е на вакциналниот пункт во Штип и Кавадарци.Приорите во имунизацијата  ќе имаат 218.577 лица што се пријавени на vakcinacija.mk, но се очекува во овој период од масовната имунизација поинтензивно да се вклучи и наставничкиот кадар, особено оние што  треба да бидат работно ангажирани при полагањето на претстојните матурските испити.Здравствените власти очекуваат целосно ќе се смени целокупната епидемиолошка слика во земјава, при што драстично ќе се намали бројот на заразени со ковид-19.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *