Регион

Самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска и утре, по покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе учествува на Самитот на претседатели на парламенти „Европски парламент – Западен Балкан“, којшто ќе се одржи во Брисел, Кралство Белгија.

На Самитот ќе учествуваат претседатели на парламентите од Република Словенија, Португалската Република, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија.

Во рамките на Самитот предвидено е да се одржи состанок на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), во соработка со постојаните делегации од Западен Балкан, и претседателите на Парламентите од Западен Балкан.

Со состанокот ќе претседава Дејвид Мекалистер, претседател на Комисијата за надворешни работи.

Самитот на претседатели на парламенти, како што е најавено, ќе се осврне на зајакнувањето на парламентарната соработка во процесот на проширување, како и на фундаменталната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во постковид периодот.

Препорачуваме:

МЕПСО побара цената на струјата да се покачи за 60 отсто

Новус со мониторинг до каде е проектот ,,Општина по мерка на младите“

Ване Трајков

Амбасадорката на Србија во земјава: Македонија и Србија имаат традиционално добри односи