Регион

Амбасадорката на Србија во земјава: Македонија и Србија имаат традиционално добри односи

Српската амбасадорка во земјава вели дека двете држави ќе потпишат повеќе значајни договори и документи на заедничката седница на владите којашто ќе се одржи во Белград. Според амбасадорката Томиќ, Македонија и Србија имаат традиционално добри односи и соработката само ќе се унапредува.

„Двете земји отсекогаш негувале коректен однос, но време е да ја подобриме соработката во многу области, особено на локално ниво. Овие можности ни ги нудат и заедничките седници на владите кои што се одржуваат од 2013 година и стануваат традиционални. Многу се значајни, бидејќи се среќаваат голем број министри, непосредно разговараат, решаваат конкретни проблеми“, вели амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ.

Оваа изјава амбасадорката Томиќ ја даде во Гевгелија, на средбата со градоначалникот Поцков, кој смета дека неговата општина има голем потенцијал за бизис соработка со српските компании.

Изминатата недела во посета на Гевгелија беше и амбасадорката на Украина.

Препорачуваме:

Памуков: Градинарите со предлози за новиот модел на субвенционирање

Ване Трајков

Во пожар во Гевгелија изгоре викендица, штала со животни и 30 хектари земјиште

Сузана Мицева

Планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Сузана Мицева