Регион

Во пожар во Гевгелија изгоре викендица, штала со животни и 30 хектари земјиште

Во пожар во Гевгелија изгоре викендица, штала со седум животни и 30 хектари земјиште и едно куче. Половина од зафатената површина била обработливо земјиште засадено со жито.

Големиот пожар тргнал од Пречистителната станица во Гевгелија, вчера попладне, но поради силниот ветер што дувал во околината, стигнал дури го границата и се префрлил на грчката страна. Во гаснењето на пожарот учествуваа и пожарникари од Поликастро бидејќи истиот зафатил и мал дел покрај крајбрежјето на реката Вардар, на грчката страна. Од страна на ТППЕ- Гевгелија се преземени мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот, со помош на механизација од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и неколку земјопоседници кои одгледуваат житни култури.

Денеска, претставници на ТППЕ- Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување, надлежните инспекциски служби и претставници од ПС-Гевгелија извршија увид на местото констатирајќи дека пожарот предизвикал голема материјална штета.

Во истиот период, вчера попладне, пожар избувна и во Ново Конско, крај патот кон Моин, кој зафати помала површина со нискостеблести растенија. Од страна на ТППЕ- Гевгелија е мобилизирана пожарникарска екипа за гаснење на пожарот. Брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија и покрај силниот ветер спречи пожарот да се прошири и да зафати магацин, близу местото каде што избил.             ТППЕ- Гевгелија уште еднаш апелира до граѓаните за совесно однесување, посебно до земјопоседниците да не ги палат стрништата и земјоделските отпадоци. Истовремено, ги потсетуваат и на делумната забрана за движење во шума и шумското земјиште на целата територија на РСМ која ја воведе ЈП Национални шуми, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Забраната важи од 06:00 до 20:00 часот, а останува во сила до проценката кога ќе биде намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.

 

Препорачуваме:

Уште десет дена за поднесување барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот

Сузана Мицева

Се асфалтира патот Муртино – Еднокуќево, жителите од двете села задоволни

Започна уште еден капитален проект, нов булевар Струмица – Дабиле

Ѓ. K.