• Thu. May 16th, 2024

Започна уште еден капитален проект, нов булевар Струмица – Дабиле

ByЃ. K.

Sep 14, 2023

Денеска започна уште еден капитален проект – новиот булевар Струмица – Дабиле во должина од околу 2 километри.

Проектот е заедничка инвестиција со Јавното претпријатие за државни патишта и решава голем проблем затоа што овој пат е еден од најфреквентните во државата. Новото булеварско решение обезбедува намалување на сообраќајниот метеж, велосипедска и пешачка патека и соодветно осветлување до Дабиле.

„Јас сум среќен човек затоа што еден месец пред половина од мандатот, веќе имаме над 50 проценти реализација на изборната програма којашто ја ветивме пред струмичани“, истакна градпначалникот Костадинов.

Современата патна инфраструктура е основа и поттик на целокупниот развој на општината и државата.

By Ѓ. K.