• Thu. May 16th, 2024

До 29 јули исти правила за влез во Грција

Најмалку уште седум дена во Грција ќе се патува по досегашните протоколи. До 29 јули исти правила за влез во Грција. Освен плф-документот со кој се регистрирате, за влез во земјата останува и потребна потврда дека сте негативни на Ковид-19, сте го прележале вирусот или сте вакцинирани со две дози на било која вакцина најмалку две седмици по втората доза.

Државата е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез.

Согласно министерската одлука, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест. Или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Алтернативно, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест. Сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена по позитивниот резултат.

Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Европскиот дигитален Ковид сертификат е уште една алтернативна можност за влез во Грција.

Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form). Тој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето. Потоа се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања. Селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.

Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен, карантин. Додека пак, ако се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, потребно е да се направи ПЦР тест.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 евра.

Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *