• Sun. May 19th, 2024

Новус со мониторинг до каде е проектот ,,Општина по мерка на младите“

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамки на проектот “Општина по мерка на младите“ врши мониторинг на предизборното ветување за формирање на Локален Совет за Млади на општина Струмица.

За таа цел денеска се одржа таркалезна маса со Градоначалникот, на коja беа презентирани резултатите од активностите и наодите од анализата на јавното мислење на младите за формирање на Локален Младински Совет, како и полиси бриф документот со препораки и добри практики за формирање на Локален Младински Совет, изработен од Центар за истражување и анализи НОВУС.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов подвлече дека учеството на младите во креирањето на локални политики е од исклучителна важност

Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Медународната фондација за изборни системи (ИФЕС).