• Wed. May 15th, 2024

Бугарите во Македонија најмногу гласаа за Борисов, Петков победи во Прилеп, Скопје и Струмица

Во Северна Македонија се гласаше на седум избирачки места – во Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци и Прилеп. На изборите можеа да гласаат и оние што не се пријавиле, а и оние што имаат и времени патни исправи, објави порталот 360 степени

Според резултатите од изборите, најмногу гласови добила коалицијата на Бојко Борисов ГЕРБ-СДС – 143. Коалицијата на Кирил Петков Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) освоила вкупно 127 гласа. По нив следуваат Преродба со 39 и Движење за права и слободи (ДПС) со 35 гласа.

Во продолжение погледнете ги резултатите од гласањето поединечно во секое избирачко место во РСМ.

Струмица – вкупно гласале 64 лица

ГЕРБ-СДС – 23
Преродба – 2
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 25
Движење за права и слободи ДПС – 1