Регион

Продолжува имунизацијата. Половина милион кинески вакцини достапни за граѓаните

Продолжува имунизацијата. Половина милион кинески вакцини достапни за граѓаните

Испорака од половина милион дози на кинеската вакцина Синовак пристигна вчера во Македонија, што ќе овозможи продолжување на масовната имунизација во земјава, која беше забавена во последните неколку недели поради недостаток на вакцини.

Вакцините пристигнаа на скопскиот аеродром, во два авиона.

Македонија во саботата доби преку 100.000 дози вакцина Фајзер-Бионтек, преку програмата Ковакс.

Македонија се бореше против недостигот на вакцини и масовната имунизација започна на почетокот на мај, откако во земјава пристигна 200.000 кинески вакцини Синофарм.

Досега, скоро 25% од вкупно 2,1 милиони жители на Македонија примиле барем една доза.

Епидемијата на коронавирус драстично забави овој месец, па властите одлучија да ги укинат скоро сите наметнати ограничувања. Укинат е полицискиот час, баровите и рестораните можат да организираат прослави со 50 проценти од капацитетот, а заштитните маски се задолжителни само во затворен простор.

Препорачуваме:

Втор ден протест на матичните лекари – протестираат и ординации од струмичко

Сузана Мицева

Се очекува да започне вакцинацијата против сезонски грип и во Струмица

ПОТВРДЕНИ 25 НОВИ СЛУЧАИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД 19, соопшти министерството за здравство

Ване Трајков