• Fri. May 17th, 2024

Втор ден протест на матичните лекари – протестираат и ординации од струмичко

Денеска е втор од трите дена предвидени за штрајк на матичните лекари во земјава. Неколку ординации од Струмица со кои контактираше екипата на канал ВИС потврдуваат дека не примаат пациенти и не издаваат рецепти, освен за итни случаи. Но, министерот за здравство со оценка дека протестот не го поддржува мнозинството матични лекари. Според него протестираат само 25% од ординациите.

Според Сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство.

Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае и утре. Тие одлучија, преку мирен протест  да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *