Регион

Невреме со град уништи посеви во струмичко

Невреме со град уништи посеви во Струмичко. Жители од населените места Сарај, Гечерлија и Дрвош пријавиле дека синоќешното невреме било кобно за засадените култури на отворено. Денеска и градоначалникот на општина Босилово, каде припаѓаат и овие населени места бил во посета на полето.

На својата фејсбук страница тој објави фотографии со уништен млад бостан. На младите лубеници се гледаат големи дупки направени од градот. Градоначалникот Зимбаков вели дека според првичните информации најголеми штети има во село Дрвош. Доколку се исполнети условите за прогласување елементарна непогода, општинската комисија за проценка на штети ќе го посети атарот на селото и ќе ги процени направените штети.

Препорачуваме:

Се работи на локалниот пат во Добрашинци од крстосницата пред селото до брана Турија во должина од 800 метри

Стојне Митева

Детската градинка во Конче е готова, наскоро ќе функционира, вели градоначалникот Илиев во својот отчет

Во камион кај Струмичко пронајдени 50 мигранти

Стојне Митева