Забава Регион

Магичен свет на струмичкиот маскенбал

Егзотични птици, деликатеси, принцови, оживеани растенија. Се што не сте можеле ниту да соните, прошета на синоќешниот максенбал во Струмица. Насмеани, влезени во своите карневалски улоги, уште еднаш покажаа дека барем за неколку часа може да се промени стварноста.

На маскенбалот дојде и градоначалникот Костадинов со девојката претставувајќи ги Тито и Јованка Броз. Неговите пријатели, пак, ги оживејаа ликовите на светски политичари, лидери, познати личности од светската историја.

Првпат струмичкиот маскенбал ги спои домашните и странските гости. Организторите велат така подобро се дружеле.

Синоќа се избраа и принцот и принцезата кои вечерва ќе ја отворат карневалската парада. Наско Костуранов и Катерина Јовановска чија маска беше  варијација на паганската мексиканска божица Ла Санта Муерте.

Препорачуваме:

Јанев – Ќе се реконструира и асфалтира улица во Василево од 300 метри

Ване Трајков

Ќе се уредуваат излетничките места Мокрински извори и Колешински водопади

Жена загина во сообраќајка кај Удово