• Wed. May 15th, 2024

Јанев – Ќе се реконструира и асфалтира улица во Василево од 300 метри

Улицата од поштата до повеќенаменското игралиште во Василево ќе се реконструира и асфалтира. Вака најави првиот човек на општина Василево Марјан Јанев кој тврди дека деновиве ќе се интензивираат работите на терен и улицата во должина од 300 метри  ќе има има атмосферска канализација, канделабри но и тротоари од двете страни за поголема безбедност на пешаците

Улицата  која ќе биде широка околу 5,5 метри ќе се ревитализира со грантот што општината го доби од ЕУ во висина од 73 илјади евра од ИПА предпристапните фондови за подобрување на општинските услуги…. Еве што кажа градоначалникот Марјан Јанев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *