Забава Регион

Течеше карневалската река низ Струмица

Околу 40 маски и 1600 маскирани учесници ги преплавија централните улици на Струмица. Саботнио маскенбал почна со силен огномет и танцувањето почна да ги бранува маскираните лица низ градот. Секоја маска со своја порака, но во суштина сите сакаат повеќе радост, сочувствителност и толеранција меѓу луѓето. И ако е можно, поправеден свет.

Во тридецениската организирана форма на карневалот, некои групи славеа и сопствени јубилеи кои досегаат до почетоците на обновената форма на карневалот.

А на Прочка е детскиот карневал. Детските маски ширеа оптимизам и многу насмевки што не можеше да ги покријат ниту вештите маски.

Препорачуваме:

Завршено хортикултурното уредување на паркот покрај градскиот булевар “Првомајска”.

22 нови случаи на ковид-19

Стојне Митева

Во петок се отвора изложбата Артерии во струмичкиот музеј