Забава Регион

Костадинов: Лидерите од минатото се само за маскенбали, современите нека креираат модерни политики

„Политичката сатира ми е привлечна како тема за карневал, тоа отсекогаш ме привлекувало“. Ова го изјави струмичкиот градоначалник Костадинов кој синоќа во друштво на светски лидери и политичари, познати ликови од историјата пристигна на маскенбалот во хотелот Сириус. Костадинов вели дека имале неколку консултации за тоа како ќе изгледа групната маска, но се договориле дека треба да работат на оваа идеја.

Костадинов го претставуваше поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, додека неговата партнерка, девојката Гордана, го носеше ликот на Јованка Броз. Пријателите на градоначалникот ги претставија Гадафи, Хитлер, Чегевара, а присутни беа и папата Франциск и мајка Тереза.

Синоќешниот маскенбал беше спој на домашни и странски маски. Заедно се дружеа струмичките и македонски карневалџии со гостите од другите земји.

Препорачуваме:

Вечерва трибина „Родова идеологија“ во организација на Фондација Елеуса

Сузана Мицева

ВИДЕО: За седум месеци бројката на невработени во Југоситокот зголемена за 4500 лица

Четири комбиња од струмичко вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Ване Трајков