• Tue. May 14th, 2024

Тренчевска: Финансиската поддршка е добредојдена во семејствата на ранливите категории граѓани

ByВане Трајков

Feb 24, 2023

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Струмица посети две семејства корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Едното лице како корисник на правото на социјална сигурност за стари лица преку кое што право добива 7200 денари редовна исплата секој месец, добива и надомест за енергенси од 1000 денари и плус парична поддршка од 3000 денари месечно во период од четири месеци или 12.000 денари за четири месеци. Тоа се околу 11.200 денари обезбедени од државата месечно во рок од 4 месеци .

Додека пак, второто лице како корисник на правото на надоместок заради попреченост добива 8600 денари, и надоместок за помош и нега од друго лице од 5400 денари, користи исто така парична поддршка од 3000 денари месечно, тоа се вкупно обезбедени 17.000 денари месечно. Ова лице е корисник и на услугата лична асистенција.

„Разговаравме за нивните предизвици, потреби и за тоа колку им значи поддршката од Владата особено во време на криза. Добив уверување дека мерките се од голема помош и навистина значајни во секое семејство особено во кризни времиња.  Како Влада и ресорно министерство ги мапиравме во моментот најранливите категории на граѓани и донесовме антикризни мерки, со цел полесно справување со кризата од која ниту една држава во светот не беше поштедена,” истакна Тренчевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *