Регион

Вечерва трибина „Родова идеологија“ во организација на Фондација Елеуса

Вечерва со почеток во 19.00 часот во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи трибина на тема „Родова идеологија“. Организатор за трибината е Фондација Елеуса“. Говорници се д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, специјалист психијатар, професор д-р Ристо Солунчев, професор на Институтот по филозофија и викарниот епископ г-н Јаков Стобиски.

Оваа е втора трибина на Фондација елеуса. Првата беше во јуни во струмичкиот амфитеатар на тема: „Потполно здравје на младите, духовно и ментално и здрав начин на живот“.

За здравјето кај младите, нивните навики, за духовното и ментално здравје и за здравиот начин на животот говореа д-р Александар Митов, магистар по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето, д-р Ангелина Илиевска, специјалист психијатар и психотерапевт и Епископот Јаков Стобиски од Струмичката Православна Епархија.

Препорачуваме:

Малинов: Борбата против рудници е борба за здрави поколенија

Сузана Мицева

Почувствуван земјотрес во Струмица

Сузана Мицева

Струмица ќе бира најдобро средени дворни места на зградите