• Mon. May 13th, 2024

Малинов: Борбата против рудници е борба за здрави поколенија

Борба за вода, за зачувување на своето право на безбеден живот. Вака едноставно ја објаснува својата битка против отворање на рудник над своето село,  76 годишниот активист Ило Малинов од  струмичко Штука. Тој секојдневно е во мисија да ги запознае граѓаните со потенцијалната опасност од отворање на рудникот. Се качува до браната од која пијат вода и вели дека сите овие ресурси се во опасност со постоење на таков рудник над нивните глави.

Помладите активисити имаат други задачи. Тие ги следат активностите на македонските инсититуции околу прашањата со отворање на рудници: законските измени, правните битки на управниот суд со концесионерот, постапките на надлежните министерства и владата за издавање или одземање на концесии. Во последно време се преокупирани и со интересот на компаниите да инвестираат во компанијата концесионер Еуромакс, сметајќи дека во позадина се кријат политички коруптивни зделки.

Активистите од струмичко се мобилизираат по последните информации дека дел од акциите на концесионерот Еуромакс се продадени. Прашањето за отворање на рудници во Југоистокот беше податлива тема за предизборните говори на последните неколку изборни циклуси. Политичарите  со полна уста ветуваа дека ќе се борат за затворање на ова прашање, но последната година владее необјаснив молк за прашањето за рудниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *