• Sat. May 18th, 2024

Ниту еден од шестте пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК не е избран

ByВане Трајков

Oct 27, 2022

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати, и тоа:

– Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со 23 поени;

– Арсен Адеми од ОЈО Гостивар, позитивно оценет со 25 поени;

– Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, позитивно оценета со 19,3 поени;

– Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, позитивно оценета со 24 поени;

– Верица  Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје, позитивно оценета со 25 поени; и

– Златко Биковски, од ОЈО Берово позитивно оценет со 25 поени.

Јолевски посочи дека очекувал повеќе пријавени со оглед дека за четири позиции пристигнале само шест кандидати.

Сите шестмина кандидати Гаврилова, Адеми, Коневски, Јосифовска, Крстевска и Биловски при гласањето не го добија потребното мнозинство и не беа избрани за јавни обвинители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *