Регион

Јаневски би се кандидирал и за втор мандат за градоначалник

Актуелниот прв човек на општина Струмица би се кандидирал и за втор мандат за градоначалник доколку добие поддршка од граѓаните. Во интервју за емисијата Vis a Vis на Тв канал ВИС, Јаневски рече дека има визија за Струмица и за начинот како треба да се развива. На прашањето дали се гледа како кандидат на СДСМ за градоначалник на Струмица, Јаневски рече:

„Јас го нудам сето она што го работевме со мојот тим во текот на изминатите години, да се погледне искрено, аргументирано и доколку членовите и граѓаните сметаат дека е вредно за доверба, јас се нудам на располагање, така што одговорот би бил да.“

Јаневски смета мандатот поминал во специфични услови, но тимот бил максимално посветен и успевале да ги реализираат зацртаните програми без поголеми отстапувања.

„Ако ме прашувате мене, јас би рекол дека секогаш може повеќе. Никогаш не би рекол дека сум задоволен и дека ова е доста. Но, сепак, имаме објективно мерење на резултатите и тие се изразуваат во бројки, така што сметам дека сме на добар пат“, рече Јаневски.

Препорачуваме:

71 годишнина од убиството на петтемина струмички студенти

Јагнешкото месо се продава околу 550 денари за килгорам

Сузана Мицева

Нема да може да се закажува вадење пасош додека не стигнат нови обрасци

Стојне Митева