Регион

71 годишнина од убиството на петтемина струмички студенти

Со панихида на градските гробишта во Струмица, полагање свежо цвеќе пред споменикот  а потоа и со пригодна програма за животот и делото на струмичките студенти беше одбележена 71годишнината од нивната трагична смрт. Струмица и струмичани на 13 август 1951 година ги изгубија своите сограѓани.

Петте струмички студенти, убиени биле блиску селото Дорломбос на планината Беласица, до границата кон Грција. Тогаш се убиени, Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Млади луѓе, од 20 до 23 год. старост. Нивната идеја била слободна, независна Македонија.

Препорачуваме:

Канал Вис најгледанa регионална телевизија во 2016

БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ НЕМА ДА ОДАТ НА РАБОТА ДОДЕКА ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

Стојне Митева

Струмички Комуналец почна со рестрикции на вода