Регион

Јаневски би се кандидирал и за втор мандат за градоначалник

Актуелниот прв човек на општина Струмица би се кандидирал и за втор мандат за градоначалник доколку добие поддршка од граѓаните. Во интервју за емисијата Vis a Vis на Тв канал ВИС, Јаневски рече дека има визија за Струмица и за начинот како треба да се развива. На прашањето дали се гледа како кандидат на СДСМ за градоначалник на Струмица, Јаневски рече:

„Јас го нудам сето она што го работевме со мојот тим во текот на изминатите години, да се погледне искрено, аргументирано и доколку членовите и граѓаните сметаат дека е вредно за доверба, јас се нудам на располагање, така што одговорот би бил да.“

Јаневски смета мандатот поминал во специфични услови, но тимот бил максимално посветен и успевале да ги реализираат зацртаните програми без поголеми отстапувања.

„Ако ме прашувате мене, јас би рекол дека секогаш може повеќе. Никогаш не би рекол дека сум задоволен и дека ова е доста. Но, сепак, имаме објективно мерење на резултатите и тие се изразуваат во бројки, така што сметам дека сме на добар пат“, рече Јаневски.

Препорачуваме:

Извршителите ќе штрајкуваат, се закануваат со траен прекин на работата

Стојне Митева

ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМИТЕ ЗАЕДНО ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Во Богданци пронајдена стара неиспукана граната

Ѓ. K.