Македонија Регион

На одмор во Грција со сертификат за вакцина или негативен ПЦР

Како што се приближува летото, така очите се повеќе се вперени кон грчката граница, во исчекување на одлуките дали и како годинава ќе се патува во Грција.

-Нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа. Според најавите кои Филипче ги доби од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест кој може да го напратва во една од 20 те лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство, рече министерот Филипче вчера на ТВ Сител и додаде:-Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од 20 тина овластени лаборатории кои стручната Комисија на МЗ и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира  доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба – изјави Филипче.Тој рече и дека сеуште нема одлука дали со една доза на вакцината Астра Зенека ќе може да се патува во странство,  но дека таква одлука има и така функционира Велика Британија.-Таа тоа го дозволи поради две работи, прво за пократко време да бидат вакцинирани што поголем број граѓани, но во исто време потврдувајќи дека само една доза создава сосема доволна количина на антитела и веќе 2-3 недели после вакцинацијата граѓаните се целосно заштитени – рече министерот.О.К.

извор: https://mms.mk/218619/%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B4%D0%BC%D0%BE%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%84%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D0%BA/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b4%d0%bc%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%b5%d1%80%d1%82%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%b0%d0%ba

Препорачуваме:

Кривична против маж од Стар Дојран, криумчарел цигари

Ѓ. K.

„Од децата со љубов – Концерт на добрината“ во Ново Село

Ѓ. K.

Младите од Турското маало го прославија празникот на вљубените

Ѓ. K.