• Sun. May 19th, 2024

Кривична против маж од Стар Дојран, криумчарел цигари

ByЃ. K.

Oct 11, 2023

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 37-годишниот Н.М. од Стар Дојран, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, извести МВР.

– На 14.09.2023 на паркинг во просторот помеѓу ГП Богородица и ГП Евзони, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо“, при што пронашле и одзеле 387 штеки различна марка цигари и пет пакувања со тутун, за кои не поседувал документ за потеклото, соопшти МВР.

By Ѓ. K.