• Tue. May 14th, 2024

ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМИТЕ ЗАЕДНО ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Во рамките на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата: Коалиција за нулта толеранција“НВО Инфоцентарот организираа работилница за новинарите и граѓанските организации за нивно подобро информирање, остварување ефективна соработка, како и за актуелни прашања поврзани со борбата против корупцијата во земјава.

Дали и како функционираат внатрешните механизми во ДКСК, Министерството за внатрешни работи (МВР), Јавното обвинителство, Народниот правобранител; Дали државните институции и приватните компании го применуваат Законот; Кои се клучните проблеми / слабости во спроведување на Законот, беа прашањата на кои дебатираа. На средбата, претставници од граѓански организации и новинарите имаа можност да разменат вештини, информации и искуства. Работилницата се одржа со цел да овозможи подобра комуникација и соработка меѓу граѓанските организации и новинарите во борбата против корупцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *