Регион

Нема да може да се закажува вадење пасош додека не стигнат нови обрасци

МВР повеќе нема да прима апликации за патни исправи додека не пристигнат новите обрасци кои се очекуваат во текот на следниот месец. Дотогаш системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција.

На денешната пресконференција Чулев информираше дека Министерството располага со уште околу 3.700 преостанати обрасци за патни исправи и дел од нив, околу 650, ќе бидат искористени за оние кои веќе аплицирале за добивање пасош по итна постапка. Останатите обрасци ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи.

Обрасците кои ги испорачува компанијата „Веридос“, согласно склучениот договор, требало да стигнат на 24 март, но според министерот Чулев има најави дека овој рок може да се скрати.

Препорачуваме:

Советникот Танушев е против музеј на плоштадот

Сузана Мицева

Се судриле две возила, па удриле во паркиран автомобил во Струмица

Ѓ. K.

Младите од Сачево самоиницијативно од утрово ги крпат дупките до селото