Регион

Гасоводот од Грција во земјава ќе влезе меѓу Богородица и Стојаково

Претставници на АД во државна сопственост „Национални енергетски ресурси“ денеска на состанок кај гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков презентираа дека гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково.

Според проектот, гасоводот, како што беше речено, ќе минува низ територијата на општина Гевгелија кај селата Прдејци и Смоквица, а градот Гевгелија ќе биде споен со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Поектот треба да биде реализиран до крајот на оваа година,а за приклучувањето на Гевгелија во него ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа за што општина Гевгелија веќе аплицираше за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска,УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Препорачуваме:

Договорното производство-предуслов за унапредување на земјоделството

Кои се новите директори на подрачните единици на јавните институции во Струмица

Трет ден гори депонијата Шапкар-пожарот бил подметнат

Сузана Мицева