• Tue. May 14th, 2024

Ново село набави канти за отпад за секое домакинство

ByВане Трајков

Feb 18, 2020

Општина Ново Село ја продолжува акцијата „Канта за отпад за секое домакинство“. За таа цел општината преку грантот од проектот за подобрување на општинските услуги спроведуван од Министерството за финансии на РСМ а финансиран со заем од Светска банка набави 2039 пластични канти. Општина Ново Село во соработка со ЈПКД „Комуна“ Ново Село во наредниот период ќе ги посетуваат сите населени места и ќе ги доделуваат кантите, за оние домакинства кои немаат склучено договор со ЈПКД „Комуна“ –Ново Село со шт ќе отпочне организираното собирање на отпадотПроектот се спроведува како дел од активностите на Општина Ново Село да ги ублажи последиците и да го намали загадувањето на територијата на општината. За таа цел, се известуваат сите граѓани дека фрлањето отпад на јавни површини, диви депонии итн. е строго забрането, и секое прекршување најстрого ќе се казнува.За распоредот на распределба на кантите во секое населено место ќе бидете дополнително информирани..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *