Регион

Апелација за трошење на вода

Заради огромната потрошувачка на вода, струмички Комуналец денеска воведе рестрикција на водоснабдувањето во четири населени места. Од попладнево до утре изутрина во 8 часот без вода за пиење ќе бидат населените места Дабиље, Добрејци, Градско Балдовци и Просениково. Техничкиот директор на Комуналец Андреј Тошев соопшти дека тоа е резултат на енормната потрошувачка овие денови но да се стабилизира водоснабдувањето за време на престојниот викенд и празникот Илинден. Инаку фабриката за вода работи со максимален капацитет и тоа со 200 литри во секунда што значи дневно потрошувачката изнесува 720 кубни метри вода

Дали ке има дополнителни рестрикции на водата за пиење во општина Струмица и по други реони зависи од однесувањето на крајните потрошувачи. Од Комуналец сметаат дека водата овие денови се користи и за наводнување, полевање на бавчи но и разладување на семејните дворови.

Од Комуналец апелираат до сите домакинства во општина Струмица приклучени на системот крајно рационално да се користи водата за пиење бидејки заради високите енормни температури со денови е зголемена потрошувачката на вода. За илустрација претходните месеци во контуинитет од фабриката за вода во просек се трошеле од 130 до 15 литри во секунди но последниве медели потрошувачката е зголемена на 200 литри  во секунда

Препорачуваме:

Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи е продолжен до 25 август

Сузана Мицева

Канал ВИС почна да емитува програма на HD сигнал, гледачите ќе добиваат висококвалитетна слика на своите приемници

Ване Трајков

Поставени контејнери за електронски и електричен отпад

Ване Трајков