Регион

130 илјади евра за реконструкција на опожарениот Дом на култура во Куклиш

Министерството за локална самоуправа и општина Струмица заеднички ќе обезбедат средства во висина од 8 милиони денари за реконструкција на опожарениот Дом на култура во населеното место Куклиш. Ова информација ја потврди министерот Горан Милески на својот Фејсбук профил.

-Изгорениот и уништен објект на поранешниот Дом на културата во село Куклиш, Струмица го враќаме во функција. Министерството за локална самоуправа заедно со Општина Струмица, на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов во сооднос 50% – 50%, ќе инвестираат оваа година осум милиони денари за обновување на Домот на културата во Куклиш. Со реализација на првата фаза од реконструкцијата на објектот го правиме првиот чекор на враќање на културата и културните настани и во руралните средини во Струмица, напиша министерот Милески.

Препорачуваме:

Видео: Новогодишно обраќање на Ѓорге Божинов, градоначалник на о. Ново Село

Укинатата царинска давачка за увоз на замрзнато свинско месо , но струмичките производители на свежо свинско стравуваат дека и цената на домашното месо ќе падне

Градоначалникот на Ново село уште 30 дена во притвор одлучи кривичниот совет при судот во Струмица