Регион

Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи е продолжен до 25 август

Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи е продолжен до 25 август.

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се ангажираат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во својство на:-Реонски попишувачи дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори објавен на 20.07.2021 година, наместо до 17.08.2021 година ќе трае до 25.08.2021 година.Заинтересираните кандидати можат да достават електронска пријава која е достапна на https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx до 25.08.2021 година.

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 Скопје, п.фах 506, најдоцна до 27.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.Останатите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Од 21 јануари угостителите ќе работат до 21 часот

Во пожар во Старо Коњарево изгореле 18 молзни крави

Известување од општина Струмица