• Wed. May 15th, 2024

Канал ВИС почна да емитува програма на HD сигнал, гледачите ќе добиваат висококвалитетна слика на своите приемници

Следејки ги современите трендови на професионално информирање и телевизиска продукција, ТВ Канал Вис деновиве почна да емитува програма со високо квалитетна резолуција што значи своите содржини  ги емитува на HD сингал.  HD сигналот  во моментов нашите гледачи го добиваат преку кабловскиот оператор ,,Телекабел’’ со што гледачите добиваат далеку поквалитетна слика на своите ТВ применици. Станува збор за пилот проект со операторот Телекабел,  се со цел да се понуди кристално чиста и јасна слика во висока резолуција,  на консументите на овој кабловски оператор

Наскоро ТВ Канал ВИС својата програма на ХД сигнал ќе зрачи и преку другите кабловски оператови. Ова значи дека освен со стандарден квалитет,  телевизиската програма на ВИС може да се гледа и во високо квалитетна резолуција.

Ова е нов исчекор на нашата телевизија во своето речиси триесетгодишно функционирање која ги преброди сите тешки моменти по пожарот што ја зафати во просториите на поранешната струмичка  касарна. Во моментов Канал ВИС се пресели во нови сопствени простории кои се наоѓаат на улицата Гоце Делчев спроти силосите на Жито Струмица во еден од објектите на Ал Демик или поранешен Агроремонт.

Во моментов се опремува големото телевизиско студио од каде ќе почнат и дебатните емисии и гостувања.

ТВ Канал ВИС го зголеми својот новинарски и технички кадар и во моментов со екипа од 20 тина лица  останува на страна на гледачите со професионално информирање но и да одговори на сите предизвици на современата технологија

Своите медиумски содржини освен преку кабловските оператори, Канал ВИС може да се следи на својата веб страна, на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм но и на Јутјуб каналот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *