• Sun. May 19th, 2024

Училиштето во Куклиш, Агенцијата за вработување и Музејот во Струмица ќе се гасифицираат

Три институции ќе се гасифицираат за претстојната грејна сезона со цел да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух во градот. Основното училиште „Даме Груев“ во Куклиш, згрдата на Агенцијата за вработување и таа на Музејот во Струмица ќе преминат на загревање на природен гас. Градоначалникот Коста Јаневски вели дека тоа е една од мерките коишто се планирани за оваа година.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, вели дека гасифицирањето има и економска, не само еколошка компонента.

За да се зголеми опфатот во градот со приклучоци на гас, почна ново проширување на гасоводната мрежа за седум километри, со што вкупната мрежа станува 41 километар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *