Регион

95 отсто струмичките, над 70 гевгелиските и над 80 радовишките родители, бараат да се вратат нивните деца во училишните клупи

За 15 дена почнува новата учебна година ама колку училишта од југоистокот ќе ги отворат вратите за учениците никој незнае. До подрачните одделенија за образование , училиштата ги доставиле направените анкети од родителите, а тие пак ги поднеле барањата до владината комисија за начинот на одржување на наставата. 96 отсто од трумичките родители бараат настава со физичко присуство.Од општината информираат дека не е мал бројот на училишта каде процентот од анкетираните росдители е 100 проценти за физичка настава.

Вељуса и Дабиле се единствените училишта од струмичкиот регион во кои наставата ќе се одвива со физичко присуство на учениците. Останатите ќе чекаат одлука , а дотогаш мораат сами да си направат план, како ќе комбинираат настава, почитувајќи ги протоколите од комисијата за заразни болести.

Над 70 отсто се гевгелиските родители кои сакаат настава со физичко присуство. Општината доставила барање до комисијата за сите подрачни училишта и веќе чекаат да се произнесе по поднесените барања.

Околу 80 отсто пак од анкетираните радовишки родители се изјасните за настава со физичко присуство.

Генерално, родителите на учениците од југоистокот бараат нивните деца да се вратат во училишните клупи. Од Министерството за образование велат дека засега е сигурно дека само учениците од 1 до 3 одделение ќе започнат со настава, а останатите ќе имаат настава од дистанца, и во тој правец течат и подготовките.

Препорачуваме:

Денеска беше одбележана 71 годишнина од учеството на Македонскиот корпус на Сремскиот Фронт

Dimitar Micev

Во Битола протести против отворањето на бугарски клуб со името на фашистот Ванчо Михајлов

Стојне Митева

Меѓународен симпозиум по археологија во Струмица од кој се очекува зборник на трудови за алатките низ вековите

Ване Трајков