Регион

Фото: Скопјанец загина во сообраќајка кај Гевгелија, со мини морис удрил во гаражи

Скопјанец на возраст од 50 години загина утрово во тешка сообраќајка кај Гевгелија. Според првичните информации од СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 7 часот и 30 минути на излез од Гевгелија.

„Се работи за З.Д. (50) од Скопје кој управувајќи возило мини морис со бугарски регистерски таблички удрил во лимени гаражи. Од ударот возачот се здобил со тешки повреди поради кои починал. На лице место увид извршила полиција, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица. 

Од таму додаваат дека причините за сообраќајката со жртва дополнително ќе се утврдуваат. 

Препорачуваме:

„Гласен текстилец“ бара минималната плата да биде поголема од 18. 000 денари

Грчки државјанин сакал да прошверцува 1200 кутии цигари на Стар Дојран

Сузана Мицева

Во Гевгелија ќе биде презентиран Проектот на МТСП за подобрување на социјални услуги

Сузана Мицева