• Sun. May 19th, 2024

Грчки државјанин сакал да прошверцува 1200 кутии цигари на Стар Дојран

Полициски службеници на граничниот премин Стар Дојран при преглед во патничко возило „ауди А8″ со црногорски национални ознаки управувано од грчки државјанин, биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација.

– Денеска во 00:15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење” по член 278 од Кривичниот законик. При преглед во патничко возило „ауди А8″ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1.250 кутии цигари за кои не поседувал документација – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *