• Mon. May 13th, 2024

Меѓународен симпозиум по археологија во Струмица од кој се очекува зборник на трудови за алатките низ вековите

Интерактивноста помеѓу човекот и алатките низ вековите е тема на шестиот меѓународен симпозиум по археологија што се одржува во Струмица на кој 25 учесници од земјава и Европа ќе се престават со 23 презентациии за развојот на орудијата и алатките како средство за нови видови егзистецнија и освојување нови простори за живеење. Симпозиумот го организира Завод и Музеј Струмица под покровителство на министерството за култура.

,,Презентeрите  ке презентираат свои видување за алатките и оружејто од сите периоди, тргнувајки од најстарито паеолитот па се до доцна средниот век , ке бидат застапени повеке теми секој ке ги презентира од свој аспект, од свое искуство,  видување за ова проблематика која е многу интересна во Европа каде колегите се специјализирани за таа област,, изјави Ване Секулов археолог

Од струмичкиот музеј велат дека овој симпозиум ќе даде нов исчекор во науката и ќе даде дополнителен стимул пред надлежните за нови истражувања  или продлабочување на веќе постоечките археолошки локалитети за кои се претпстаува дека кријат нови сознанија

,,Со одржување на вакви настани наша цел е да и дадеме можност на науката и да покажеме пред јанвоста дека ние ги подржуваме истражувањата и откривањето на нови сознаија  од нашето минато и историја,, се обрати директорот на струмичкито музеј Ацо Манински

Шестиот симпозиум по археологија е дел од кативнсотите на манифестацијата Струмица град на културата од кој како што кажа првиот човек на општината Костадин Костадинов треба да произлезе нов зборник на трудови

,,Се надевам дека преку заедничкиот зборник на трудови кој ке биде објавен во наредниот период, археологијата и кутлруанта антрополгоија ќе бидат побогати со нови сознанија како траен бенефит за науката,, подвлече градоначалникот  Костадинов

На симпозиумот во Струмица ќе бидат презентирани трудови од  признати и потврдени научници од областа на археологијата, антропологијата, историјата на уметноста, етнологијата . Заради ковид пандемијата дел од учесниците своите трудови ќе ги презентирааат онлајн

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *